Притисоци и закани за ученици кои бојкотираат настава поради најавената дигитализација од Царовска

Се зголемува фронтот против  образовните „реформи “ на Царовска. Учениците со поддршка од родителите денеска продолжија со бојкот на наставата многу помасовно, а по социјалните мрежи сведочат дека наставници и директори им вршат притисок да се вклучат на настава заканувајќи им се со неоправдани изостаноци и предагошки мерки.

-Моето дете денеска нема да присувствува на настава, НЕ поради Наставниците, НЕ поради манипулаторство, НЕ поради личен интерес, НЕ партиски, туку поради избрзаните одлуки на МОН за кои упорно не убедуваат и бараат милион начини да не притиснат за согласност!  Не, јас немам дете за експериментирање и вршење проби од кои зависи неговата иднина.

-Денес учениците насекаде низ Македонија се изложени на закани со укори, неоправдани изостаноци, намалување на поведение и што уште не. И тоа лично од директорите на основните и средните училишта-велат родители на социјалните мрежи.

Инаку, и Македонската Православна црква се спротивстави на идејата за дигитализација на учебниците. Поглаварот г.г. Стефан предупреди дека преку промените во образованието се менува македонскиот идентитет. Во образованието, во форма на некакви чудни реформи, од кои е исклучена објективната јавност, се прифаќа менувањето на нашиот историски, културен и духовен идентитет – предупредиува тој.

. На овој начин е засегната не само нашата сегашност, туку и иднината, зашто децата уште од најмала возраст се насочуваат кон туѓи, несоодветни и недостојни вредности, со кои се разнебитува личноста, а кои се спротивни на светогледот на нивните родители. Предложените процеси се толку еднострани и во нашиот општествен контекст многу недоследни, па во отвореното општество за сите, нема место за етиката и моралните вредности на религиите, нема место за искуството на Црквата, нема место за Бога! – потенцира архиепископот Стефан.

Од детската амбасада МЕЃАШИ сметаат дека Министерството за образование и наука пребрзо оди кон одредени промени, без да посвети внимание на грижите кои ги имаат родителите и учениците.

Прашање е како ќе дојдеме до учење со разбирање наместо фактографско учење? Дали навистина ќе се елиминираат трошоците за печатење или тие ќе паднат на товар на родителите? Воедно, загрижува опасноста од дополнително класно раслојување и нееднаквост што ќе произлезат од разликите во економските можности на родителите. Немаме одговор на многу прашања, а доколку има повеќето ќе бидат негативни-велат од МЕЃАШИ.

Најголемата опозиција порачува дека за ваква реформа потребен е општествен консензус.

Реформи во образование и во здравство не се прави без една силна општествена поддршка. Гледаме дека и родители и ученици се собираат се организираат и ќе видите дека на социјалните мрежи имаат групи со повеќе членови од најпопуларното лице во Македонија. Но, наместо тие да разговараат со опозицијата со синдикатите тие го повлекуваат законот и решаваат да го протнат со ЕУ знаменце, изјави Николоски. 

Министерката Царовска не ги слуша барањата на родителите и наставниците. За сега дебатира и им  се спротивставува на социјалните мрежи.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста