Бугарскиот државно – политички врв му оддава почит на Гоце Делчев

„Гоце Делчев беше револуционер во Македонија како Бугарин, Бугарија одбележува 150 години од раѓањето на Делчев, Сите Бугари слават значајна годишнина“ – вака бугарските медиуми го одбележаа јубилејот од раѓањето на македонскиот великан.

За нив, Делчев освен што е чист Бугарин, тој бил и Олицетворение на револуционерната борба, чесноста, и решителноста – идеолог и водач. Освен заедничкото чествување во Македонија, Бугарите го одбележуваат јубилејот со низа манифестации во Благоевград. Таму на споменикот на Гоце Делчев цвеќе положуваат претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков но и в.д амбасадорот на Македонија Владимир Крстевски.

Но, како и во Македонија, така и во Бугарија има негодување од заедничкото одбележување. Прв се јави бугарскиот политичар познат по неговите цврсти анти-македонски ставови Красимир Каракачанов, кој побара моштите на Гоце Делчев да бидат вратени во Софија

Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува – изјави Красимир Каракачанов.

Опозициската ГЕРБ, на поранешниот премиер Борисов пак го искритикува актуелниот премиер Петков зошто не се поклонил на гробот на Делчев во Скопје.

Бидејќи гробот на Гоце Делчев е во Скопје, тој мора да го види секоја бугарска делегација. Единствениот необјаснив исклучок го направи актуелниот премиер Кирил Петков“, рече Петар Николов ос ГЕРБ.

Се чини дека одбележувањете на годишнината од раѓањето на Делчев е повеќе политичко отколку емоционално прашање за Бугарскиот народ. Па така според последната анкета на бугарското шоу „Големите Бугари“, Гоце Делчев се најде на 53тото место од топ 100 листата најважни личности за Бугарија, спроведена на широка бугарска публика.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста