Македонија нема да се грижи за македонското малцинство во Бугарија, забрането било со договор, тврди Османи

Адријана Алексиеска

Македонија не е должна да се грижи за националните малцинства – вака министерот за надворешни работи Бујар Османи се правда дека немаме право да се грижиме за македонците во Бугарија. Оваа скандалозна одлука е донесена по потпишувањето на Преспанскиот договор кога бил избришан членот од Уставот кој предвидувал државава да се залага за малцинствата во другите земји.

Декларацијата од 1999 година и Договорот од 2017, каде истиот член е префрлен таму кој гласи  – ништо во нашиот Устав нема да се интерпретира како мешање во внатрешните Бугарија по однос на граѓани кои не се наши државјани. А после уставните измени после Преспа избришан е членот во кој што државата има обврска да се грижи за македонското националното малцинство – изјави Османи.

За барањето на источниот сосед, Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, Османи најави дека работните групи ќе разговарале следната недела. Toj ја повика и историската комисија да одржува редовни средби со цел решавање на отворените прашања меѓу кои и заедничко чествување на одредени настани и личности од историјата. Вели дека вчерашното чествување на Гоце Делчев не било официјално, туку бугарската делегација случајно била во посета на државава по повод отворањето на Бугарската телеграфска агенција.

Владата на Бугарија беше на покана на Агенцијата, сепак беше добар политички гест да се приссуствува на овој важен настан, независно што во оваа фаза имаме различни погледи кон тоа, сепак историската комисија се охрабрува да напрви заеднички поглед кон значењето кое што од овие личности и настани ќе создаде мост помеѓу двете држави – вели Османи.

За барањето на некои бугарски политичари, да се замрзне улогата на Комисијата за историски прашања, Османи вели дека тоа би било минирање на Договорот за добрососедство, и побара од историчарите да не се мешаат во политичките прашања но и од бугарските политичари, да не се мешаат во работата на мешовитата комисија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста