Бочварски: Законот за дивоградби може да се оспори на Уставен суд

Дали новиот Закон за легализација ќе се најде пред Уставен суд? Ова прашање се наметнува откако преседателот  Пендаровски одби  да го потпише Указот на законот со образложение дека истиот е неуставен и се овозможува затскриена амнестија. И денес ресорниот министер призна дека не е идеален и има свој недостатоци , но и добри страни

  „Тоа е право на граѓаните, одредени субјекти да поднесат такво барање за предмет во Уставен суд за да се отцени уставноста на одреден закон , така што тоа е секогаш отворена можност „изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Освен што законот може да падне на Уставен, тој има и двојни стандардни. Важи за сите, но не и за Охрид и Струга. Но за ресернниот министер ова е правилно решение, бидејќи на овој начин ќе се заштити регионот кој е под Унеско..

   „Имаме и плани за управување под Унеско, кој прави разлика во однос на другите градови кои имаат само детални урбанистички планови или генерален урбанистички план. Таму има дополнително и план за управување кој не секогаш се поклопува со ДУП-овите. Од тој аспект правиме дистинкција во однос на тоа дали одреден објект од тој регион би имал штетно влијание врз животната средина и токму поради тоа имаме и посебен член во овој Закон сакајки да го заштитиме Охридскиот регион„- изјави Бочварски.

Во  новиот Закон се предвидени и казнени пенали, така што сопствениците на дивоградби за да ги легализираат својте објекти дополнително ќе треба да платат 50% од висината на комуналиите.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста