Не било баш се најдругарски на конгресот на СДСМ, се појавија аудио снимки со критики од Шекеринска и делегатите

На вчерашниот Конгрес во СДСМ очигледно не поминало се во другарска атмосфера како што сакаат од да прикажат од владеачката партија.Аудио снимки на кои се слушаат силни критики за функционирањето на СДСМ од довчерашната заменик-претседателка на партијата Шекеринска и дел од делегатите на Конгресот се појавија на Фејсбук. Снимките од говорите се поставени во групата Реформи во СДСМ. Шекеринска е загрижена поради нерешавањето проблеми. И вели дека с епомагало на оние кои се дистанцирале и ескивирале, а помалку на оние кои страдале.

“Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка или старата опасност, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми, а тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не, а не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето што ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние што страдаа заедно со нас. И реков, се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата”

Дел од делегатите реагирале и за тоа дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски не бил кандидат за член на Централниот одбор. Дека постоеле различни призна и Заев на прес – конференцијата по конгресот.

Една од дискусиите беше на наш делегат од Куманово кој го предложи градоначалникот Максим Димитриевски да биде член на Централниот одбор. Секако нашите градоначалници по функција се членови на централниот одбор. После тоа се јави другарот Максим Димитриевски за дискусија и се повлече од предлогот затоа што како што рече бил неколку пати член на централниот одбор, на Извршниот одбор и ја извршува функција градоначалник на Куманово. Тоа е секако во духот на убавината на различноста на размислувањето на сите 809 делегати односно 703 кои што беа денеска присутни на конгресот”, изјави Заев.

Димитриевски пак на парашањето на Алфа дали ова ќе значи дека нема да ја добие и поддршката на локалните избори за уште еден мандат рече дека се што имал кажал на конгресот, а за се останато да се обратиме кај Заев.

Револт кај делегатите имало и за смената на Стојко Пауновски од директорското место во Државниот инспекторат за труд откако одби да вработи кадри според рамковен договор.За тоа дискутира делегатот Владимир Митревски од општинската организација на СДСМ Центар

“Ако хиерархијата тера да правам нешто што четири години сум го зборувал дека сум против тоа и имајчи предвид дека вработените не мора да идат на работа и што сме направиле? Ве молам таа грешка колку може да се исправи заради тоа и да кажеме едно образложение пред граѓаните дека нема да ги менуваме тие што навистина работат по словото на закон”.

Освен Шекеринска која поднбесе оставка на позицијата заменик – претседател на парртијата Заев и присутните на Конгресот одлучија во раководството повеќе да не бидат и потпрестседателите Мухамед Зекири и Коста Петров.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста