Балканска турнеја: Столтенберг утре во Скопје

Балканска турнеја: Столтенберг утре во Скопје

По официјалната посета на БиХ, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе престојува во Косово, а потоа ќе замине за Белград, од каде ќе се упати кон Скопје.

Столтенберг со вчерашната негова прва официјална посета на Сараево ја започна својата балканска турнеја. Тој денеска во Приштина ќе оствари средби со претседателката Вјоса Османи како и со премиерот Албин Курти. Потоа ќе замине за Белград каде ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Утре попладне во Скопје се најавени средби со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во парламентот.

Вториот ден од посетата на земјава шефот на НАТО ќе го започне со билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе учествува на неформалниот состанок на лидери на НАТО-сојузници од регионот, чиј домаќин е Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста