Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за игорената болница во Тетово

Документацијата за набавката на модуларната болница во Тетово стигнала до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.  Документите допрва ќе се анализираат, па ќе се знае дали ќе бидат повикани сведоци и дали некој кривично ќе одговара – вели шефицата на обвнителството, Вилма Русковска. 

„Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници, или во тој дел ако е повреден, тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово“, вели Русковска.

Додека германските експерти и кримтехничарите на МВР ги собираат доказите во тетовската ковид болница, експертите децидни дека ова не е прв пат да бидат вклучени странски екперти, но македонските институции сепак ќе го имаат последниот збор. Но, тука се отвора дилемата дали се ќе и биде соопштено на јавноста, дали резултатите ќе бидат релевантни,  со оглед на односот на власта, уште пред да започне истрагата.

Преголемото мешање на власта во истрагата на самиот почеток укажува на тоа дека таа недоверба којашто ја имаат граѓаните во системот и институциите во последните неколку години само се зголемува и прашање е на време кога ќе ескалира. Учеството на германските истражувачи и во истрагата за тетовската модуларна болница ако е замислена да даде одреден кредибилитет и легимитет на самата истрага, тоа е во ред. Но сепак германските истражители се кај нас се дојдени само да асистираат и помагаат во истрагата а завршниот збор секако да го имаат македонските органи вели за Алфа, универзитетскиот професор Александар Нацев.

Истрагата вели Нацев не треба да почне од првата искра во пожарот и да заврши со настаната штета, туку напротив да ни покаже каква била постапката со тендерите, како се спроведувал техничкиот прием, од какви материјали се направени и тоа дали се запазиле минималните безбедносни стандарди.

Сета таа катафонија која се створи во партијата на власт, односно во владата, ососбено кај ресорот МЗ, кај нас, граѓаните кај јавноста придонесе кон тоа да имаме една скепса една недоверба, и на крај да видими кој би понел одговорност не само морална туку и кривична одговорност за случувањата во Тетово- вели Нацев.

Додека јавноста бара одговорност за несреќата во тетовската  модуларна болница, и министерот за надворешни Бујар Османи вели требало да заврши екпертизата,  а потоа да се носеле одлуки за оставките.

Мислам дека најсоодветно е да се има експертизата, да се има моралниот и етичкиот момент, политичкиот и партискиот момент и сите други аспекти, за да се донесе мериторна одлука. Мислам дека е праведна одлуката на премиерот кога вели дека сака во комплетирањето на ова прашање да има и објективна експертиза од страна на странски експерти – изјави Османи.

Експертите предупредуваат дека треба истрага и за останатите модуларни болници – според какви стандарди се истите правени и доколку се утврди дека се направени некакви пропусти и, веднаш да се исфрлат од употреба или да не се користат додека не се воспостават минималните услови за нивно функционирање.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста