Оризопроизводителите излегуваат на протест

Полтичарите да си ги исполнат предизборните ветувања  или во вторник излегуваат на масовни протести, се заканија оризопроизводителите од кочанскиот регион. Бараат производната цена на оризовата арпа да биде од 25денари па нагоре како и итна средба со министерот за земјоделие и Заев, во спротивно од наредната недела патниот правец Штип-КОчани ќе биде блокиран во двете насоки.

   „Ние сме принудени да ги оставме нивите во колку цената на оризовата арпа не достигне  25ден. Николовски пред да дојде на власт ветуваше 25денари за арпа. Ние не сме производители на бел ориз, туку на оризова арпа. Ако не ни излезат во пресрет и не го слушнат гласот на народот ние во вторник доколку не оствариме средба со министерот ќе го блокираме патот во двата правци и нема да се тргнеме се додека нашите барања не бидат исполнети до крај„-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството

Земјоделецот произведува леб, а за леб страда категорични се оризопроизводите . Повеќе од една четвртина од минатогодишната реколта се чува во амбарите, а минималната продажна цена е 16денари. Тие бараат  власта да покаже одговорност  и да изнајде решение за неоткупените количини, како и пласман за новата реколта..

   „Цената е катастрофално ниска, што не ги поклопува ниту производствените трошоци.  Големо разочарување. Земјоделците се демотивирани и бараме одговорност од државата. Доколку одговорно не настапат мислам дека масовно ќе се зголеми иселувањето, површините ќе останст пусти . Едноставно ќе имаме земја без народ„-изјави Стојче Ташовски-Иницијативен одбор за спас на оризопроизводителите.

За околу две недели ќе започне жетвата. Првичните проценки се дека од декар ќе се жнее од 500до 600килограми оризова арпа. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста