АТЛЕТИКО, РЕАЛ, БОРУСИЈА (М) И АТАЛАНТА СЕ ПОСЛЕДНИ ПАТНИЦИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО ВО ЛШ

Четири шпански, исто толку германски екипи, по три италијански и англиски, и уште еден претставник на Франција и еден на Португалија ќе се најдат во барабаните при жрепката за осминафиналето во Лигата на Европските фудбалски шампиони. Ова е конечната разврска по групната фаза од која најголеми губитници се Салцбург кој на својот стадион загуби од Атлетико Мадрид со 2-0 и ги испрати јорганџиите натаму, Ајакс кој на домашен терен загуби од Аталанта со 1-0 и и го препушти местото во елиминациите и Интер кој исто дома не успеа да слави против Шахтјор и по 0-0 остана дури четврти во Б групата во која Реал рутински ја совлада Борусија Менхегладбах со 2-0 и го освои првото место. Според тоа покрај кралевите како лидери во своите групи завршија и Баерн, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Борусија Дортмунд, Јувентус и ПСЖ, кој во продолжението од прекинатиот меч го демолира Басакшехир со 5-1. Овие тимови ќе бидат привилегирани при жрепката в понеделник и ќе ги играат реваншите на свои терени, а во осминафиналето ќе се одвива меѓу 16 февруари и 17 март од позиција на предизвикувачи се: Атлетико Мадрид, Борусија Мехнегладбах, Порто, Аталанта, Севиља, Лацио, Барселона и Лајпциг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста