Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22.5%, за СДСМ 17.9%

ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ. Доколку следната недела се одржат предвремени избори за опозициската партија би гласале 22.5% од граѓаните, а за владејачката 17.9%, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања.

За ДУИ се изјасниле 7% од испитаниците, по што следат Алијанса во Албанците со 3.5%, Левица со 2.9%, Алтернатива со 1.2% и БЕСА со 1.1%.

14.4% од анкетираните не би гласале за ниту една политичка партија, не сакале да кажат 11.2%, а 18.3% не знале или немале одговор.

Од политичарите најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски. За него се изјасниле 17.7%. За Зоран Заев се одлучиле 9.5%, а Димитар Ковачевски 5.5%. Новиот премиер има помала доверба и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за кој се одлучиле 7.1%. Зијадин Дела има поддршка од 3.5%, а Димитар Апасиев од 2.5%.

42.3% од испитаниците сметаат дека со изборот на новата Влада нема да има подобрување во нејзиното работење. Дека централната власт ќе работи подобро со новиот премиер и министри сметаат 33.3%.

42.7% сметаат дека со формирањето на новата Влада не се решава политичката криза во Македонија.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022 на примерок од 1.124 полнолетни испитаници на ниво на Македонија.

Истражувањето било спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепциите за новата Влада.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста