Анкета: Граѓаните не се сложуваат со преголемо опуштање по кафеаните и кафулињата

Неограничен број на гости ќе може да седат на една маса во ресторан или кафуле – Владата со ова го започна најавуваното олабавување на мерките кое доаѓа помеѓу двата круга од локалните избори. Угостителите сега ќе имаат нов начин на работа, а дека ќе има олабавување во овој сектор, уште пред еден месец најави министерот за економија Крешник Бектеши. Сепак, останува на сила правилото за исполнетост од 50% од капацитетот во отворените делови од објектите. Дел од граѓаните, сметаат дека оваа одлука е избрзана, посебно ако се земе предвид фактот дека лекарите најавуваат нов ковид-бран.

Според др. Илчо Ефковски, во ред е да се олабавуваат мерките но само за вакцинираните граѓани кои примиле две дози, и се поминати најмлаку 14 дена од ревакцинацијата. За него се нелогични мерките, кои дозволуваа лице кое вчера се вакцинирало со прва доза, да оди во кафуле, ресторан, трговски центар.

Лично би дозволил и 100% од капацитетите, со вакцинирани лица, затоа што очекуваме да имаат имунитет, а за другите лица кои не се вакцинирани воопшто не треба да има дозвола. Мерките со кои се дозволува, лице со една доза вакцина да може да влегува во затворени објекти се нелогични, се знае што е имунизација, потребно е да се поминати 14 дена од втората доза, за да биде побезбедно – вели др. Илчо Ефковски.

На вчерашната Владина седница, освен што се донесе одлука за неограничен број луѓе на една маса, дополнително беше усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите во затворените делови – наместо 30% како до сега, дозволено е 50% исполнетост.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста