Ако е отпадот толку ефикасен како енергенс, зошто италијаните го извезуваат кај нас?

Додека властите уверуваат дека нема ништо спорно во увозот на отпад, организациите обвинуваат дека не се води контрола за тоа што се се внесува во државава.

Од здружението 02, алармираат дека депонијата Дрисла располага со стари машини, а тоа според нив е дополнителен проблем затоа што таа е најголем увозник на отпад.

„Надлежните треба да одговорат зошто Италија увезува отпад кај нас кога може да го искористи за свои потреби, ова што ние го увезуваме со години отпад кој очигледно поминувал на мала врата во нашата земјја без никакви контроли и надзор тоа е надвор од било каков здрав разум“ изјави Ели Пешева- Иницијатива 02.

Здруженијата алармираат дека поради немањето механизми за справување со отпадот потребна е итна забрана за увоз на каков било отпад од странство. На отпор наиде и нацрт-законот за справување со отпадот поради неговата недореченост и недефинираност.

Активистите предупредуваат дека проблемот со увозот на отпад е поголем доколку се земе во предвид колку е нефункционален и корумпиран системот за справување со отпадот.

Од друга страна УСЈЕ призна дека увезува ѓубре од Италија, но тој се користел како енергенс.. на ова следеше остра реакција од Движењето за чист воздух кое за во среда најави блокада на цементарницата.

Конечно, додека власта уверува дека отпадот што се увезува не е опасен и се користи како енергенс, во јавноста се поставува логичното прашање зошто Италија ни го дава на нас, ако може да го искористи за сопствените потреби.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста