Куќите на Македонците од Лавце цел на вандализам – Сопствениците препознаваат сценарио

Уништена покуќнина, скршени прозороци и врати, украдени технички апарати и мебел. Со вакви слика  се соочил Далибор Војновски денеска во неговата викенд куќа во тетовското планинско село Лавце. Бидејќи во селото малку Македонци имаат имот, се сомнева дали ова е направено на национална основа. Според него имало и други вакви случаи.

Големиот конфликт почна во Македонија 2001 година почна од ова село, поточно од Тетовското Кале-немаше скршено ниту една чаша. Сега ми се случува мене после 20 години-ми се случува 2001 година ми се случува како да се изразим во едно општество за сите. Мене не ми е јасно како варира тоа едно општество за сите рече Далибор Војновски.

Иако штетата е голема, тој не отстапува од својот имот и ќе ја реновира куќата и покрај сите ризици.

Ќе морам да реновирам поново, не отстапувам, куќата ми е од дедо од прадедовци, оставена, не е падната од небо што се вели, со десет прсти е градена, вложувано во неа. Сепак ќе ја реновирам, нема да одустанем па макар ја кршеле уште вели за Алфа Далибор Војновски.

Случајот е пријавен во полицијата, од каде направија увид. Минатата недела едно истражување ја покажа потреба побарана од граѓаните – да има реонски полицијаци кои би ги спречувале ваквите безбедносни опасности по населението. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста