46 пријави до „Гласен текстилец’ за неисплатен К-15

Вработени во конфекции, приватни здравствени установи,карго услуги, ресторанти , казина, автошколи до Глесен текстилец се пожалиле дека  на сметката не им легнал задолжителниот регрес за годишен одмор. Помал дел од пријавите се за газди кои на своите вработени наместо 11,4000 им исплатиле  симболични  100 или 500денари.

    „Повторно имаме по 100,500денари. Од тие 62фирми, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде ќе им каже дека треба да исплатат к-15, меѓутоа колективниот дозволува тие срамни суми од 500 и 100денари да поминат, па ддури и таму каде што има синдикално организирање „-вели Кристина Ампева  од „Гласен текстилец„-Штип.

Исплатата на ваквата сума е резултат на сегашното законско решение кое дозволува фирмите кои изминатиот период работеле во загуба да исплатат минимален износ. Од штипското здружение ќе бараат да се донесе нов Закон за работни односи со кој К-15 ќе има минимален износ и ќе биде задолжителен за вработените во приватниот, но и во јавниот сектор. Реакции имаат  и за Законот за  недела неработен ден.Очекуваат да биде оспорен пред Уставниот суд.

   „Не се работи само за текстилните фабрики, се работи за трговските центри. Ми е мило што помалите маркети не работат . Жените конечно недела ќе ја одмараат, но што правиме со вработените во трговските центри„-рече Ампева од „Гласен текстилец„.

Од штипското здружение посочуваат дека ќе иницират фирмите кои постојано го кршат Законот за исплата на минимална плата, наместо прекршочна и глоба од 500евра, да добиваат  кривични пријави. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста