Вакцинација на вработените и државна помош бара текстилната индустрија

Имунизација на текстилните работнички е нова надеж за текстилната индустрија која во изминатиот период поради пандемијата претрпе огромни штети и загуби. Процесот на вакцинација во најголемата трудо-интензивна гранка треба да стартува веднаш. Tоа ќе значи поголема продуктивност и ослободување на работниците од психолошката стега што цело време ја наметнува вирусот,сметаат од Текстилниот кластер.

 „Со самата имунизација постапено државите почнуваат да се отвараат и многу брзо ќе дојде потреба од нашите услуги.  со оглед на тоа што сите веќе поучени од она што се случи со пандемијата и со пазарите односно изворот на изработка на текстилни производи како што е далечниот Исток -Пакистан и Индија сето тоа што се случува, се повеќе ќе има побарувања на услуги од производи произведени на европско тло„-изјава Перковска

Текстилната индустрија беше причина за Штип минатото лето да стане македонскиот Вухан. Вирусот неконтролирано се ширеше во погоните и автобусите, а многу конфекции поради големиот број на заболени ставија клуч на погоните. Локдаунот во Европа  ги стопира и порачките па околу 3500работници беа испратени на колективен одмор. Деновиве над 60% од нив повторно се вратени на работа.Отварањето на погоните не значи и стабилизирање на состојбата, коменираат од Текстилниот кластер од каде што бараат државата да најде начин и да обезбеди поддршка и за наредните месеци.

  „Поддршката е само дел од трошоците што се потребни за работната сила, а каде се трошоците без разлика дали работи погонот или не. Постојат трошоци кои мора да се сервисираат, така што сериозно треба да се пристапи кон оваа индустриска гранка„-изјави Перковска.

Државната поддршка ги амортизираше штетите но само во финансиски стабилните компании кои ударот од кризата го ублажуваа со сопствени резерви.  Според анализите на Министерството за економија бројот на компании кои аплицирале за петиот сет мерки е за шестотини помалку од оние кои бараа помош во февруари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста