Милошоски: Освен со Заев, со кои високи функционери од МВР Седат Пекер имал средба?

Нашето прашање до Заев е следново: Кога имал средба со Седат Пекер надвор од Скопје?-прашува Антонијо Милошески.

Имал ли македонскиот премиер повеќе средби со турскиот контроверзен бизнисмен баран преку Интерпол? Пекер преку видео порака пресметувајќи се со турските власти кажа дека бил во домот на Заев, опозицијата пак прашува кога се сретнале и надвор од Скопје? Иако претходно Заев демантираше дека се сретнал со Пекер, неговото видео како и прашањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ фрлаат ново светло на случајот „Мафија“.

Второто прашање до Заев е, колку од советниците на Зоран Заев во неговиот кабинет оствариле средба со Седат Пекер?

И нашето трето прашање е, со кои високи функционери од МВР октомври 2020 година, Седат Пекер имал средба во хотелот „Буши“ за што е известена и Агенцијата за национална безбедност?-прашува Антонијо Милошески.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев мора да одговори на овие прашања со цел расчистување на ситуацијата околу тоа кој дал налог за издавање на 214 пасоши на нарко босови од регионот кои што се барани со меѓународни потерници. Меѓу кој е и Пекер кој тврди дека се имал средби со Заев.

Јас сум Седат Пекер, го познавам премиер на Македонија, му бев на гости дома, сите други партиски лидери ги познавам. Добив депортирање поради 3 дена прекршување, тоа не можам да го прифатам-вели Пекер.

По ова видео на ред сега е обвинителството, дали ќе го повика премиерот на информативен разговор, или пак ќе отвори предмет по допрен глас? Ги прашавме, но одговор до овие вести не добивме.

Инаку Турција го бара Пекер за убиство и трговија со дрога, додека турските органи на прогонот го бараа тој долго време патуваше слободно во нашата земја одржувајќи бројни средби со политичари, функционери …

Во јануари годинава полицијата на Македонија го уапси, но  за кршење на правилата за краток престој и го протера од земјата. А потоа беше обеледенета аферата со издавање на пасоши со туѓ идентитет на светски криминалци.

За оваа афера беа уапсени неколку лица, претежно шалтерски службеници во МВР, кои признаа вина и добија затворски казни. Но во јавноста барем засега нема информација дали истрагата е проширена и дали некој од високите ешалони на власта им давал насоки на службениците да даваат пасоши, со туѓи име, како на пример на Пекер, кој добил македонски пасош со име Џадим Адемовски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста