Спроведува ли Владата одлуки само од едната страна на Вардар?

Карантин без стратегија. Каде надлежните ја „утнаа работата“ за ставање на корона вирусот под контрола? Откако со денови најавуваа оти здравствените власти планирале враќање на полицискиот час во само во неколку критични општини, власта се реши целосно го блокира движењето во главниот град. Надлежните без конкретен одговор зошто само Чаир, Сарај, Гази Баба и Аеродром не се во карантин, туку цел град . Се правдаат дека морало така за да се спречи долопнителното ширење на болеста.

„Веќе интензивно се работи на терен со групите, кластерите, познати се семејствата и време6то во кое што настанала трансмисија на вирусот и како надополнување на ова во смисол на заштита на пошироките подрачја во кои што тие луѓе живеат се донесе одлука по препорака на Комисијата за заразни болести да има рестрикција во движењето. Сметам дека ова сериозно ќе придонесе да се намали ризикот од ширење на вирусот и една комплетно поинаква слика некаде при крајот на оваа недела што доаѓа“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

На социјалните мрежи врие. Граѓаните гневни прашуваат зошто мерките уште од старт не важеле за секого и зошто оние што со месеци ги почитуваа препораките на Владата, ќе мора да „трпат“ нови рестрикции поради несовесните граѓани кои ниту за време на полицискиот час не ги почитувале мерките?

Надлежните и натаму тврдат оти состојбата со корона вирусот во земјава е под контрола и оти во Центрите за јавно здравје ги знаеле сите кластери на заразени со ковид 19. Но впечатокот во јавноста е поинаков.

И меѓународните институции имаат сосема поинакви прогнози за земјава. СЗО го рангираше Скопје во високата 4 фаза како високо ризичен град, каде болеста е широко распространета, а ширењето нелокализирано.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста