Избрзаните и непромислени одлуки на Владата се опасни и од Македонија може да направат нова Италија

Станува ли Македонија новата Италија? Избрзаните и непромислени одлуки на Владата создаваат страв оти на земјава наскоро би можело да и се случи италијанското сценарио. Барем вака размислуваат граѓаните. Македонката Илона Захариева која долги години живее во Италија, вели оти и таму состојбата излегла од контрола кога жителите на големите градови под карантин избегале во деловите каде движењето било дозволено. Сценарио добро познато од вчерашниот ден, кога колони возила од Скопје, Куманово, Штип и Тетово, бегаа кон градовите без рестриктивен полициски час.

„Луѓето избегаа како што сега бегаат од Скопје. Имаше најава дента на 7 Март дека од 9-ти ќе се затворат сите региони. Практично во тој ден ипол се случи тоа стампедо од северниот во јужниот дел на Италија така што се прошири доста заразата во јужна Италија каде што немаше регистрирано случај“, вели Захариева.

Според Захариева, властите во Македонија лошо се справуваат со кризата, а како некој кој веќе поминал низ хоророт што корона вирусот го направи во Италија, смета оти кај нас лошото допрва доаѓа. Италија вели има одличен здравствен систем, сепак стотици доктори таму го изгубиле животот како последица од ковид 19.

„Мислам дека во Македонија пикот уште не е достигнат, бидејќи се додека имаме нагорна крива ма заболени тоа значи дека пикот не е достигнат. Ќе се достигне кога неколку дена ќе има максимален број за заболени и потоа ќе почне да се намалуваат. Еве денеска во Италија има само 177 случаи, значи тоа од 6500 е една незначителна бројка. Меѓутоа тоа е после два месеци. Во Македонија се спремаат избори, се спремаат празници, се плоашам дека ситуацијата ќе ескалира“, додава таа.

За да ја надминат кризата жителите на Италија беа во строг двомесечен карантин, а мерките биле олабавени дури пред два дена. Сега таму маски носат сите, без исклучок, вели Захариева.

И други земји во справувањето со пандемијата се одлучија да стават под клуч цели градови, но властите забранија било каков транзит помеѓу општините. Таков беше примерот со Софија и Загреб каде на жителите им беше забрането да излегуваат од овие метрополи беа дозвола дека имаат неодложни работни обврски. И грчките власти на сличен начин се справуваа со корона пандемијата. Дури и во Казахстан, повеќе од два месеци надлежните ги затворија големите градови Алмати и Астана. И таму беше забранет влез и излез од овие градови.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста