Мицкоски: Да ги заштитиме граѓаните, а потоа да збориме за избори

Да спасиме што повеќе човечки животи и да ги заштитиме граѓаните од вирусот па потоа да збориме за избори во првиот слободен термин. Ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по изјавата на Заев дека изборите на петти јули се завршена работа. Според Мицкоски за датумот може да се разговара кога нема да има починати, а бројот на новозаразени ќе биде блиску до нула. Опозицијата и натаму е отворена за компромис иако од петокот не функционира каналот за комуникација. Но смета дека втурнувањето на граѓаните во изборен процес кога се бројат заразени и починати според е опасно по  нивниот живот.

“Дали Заев, ДУИ ќе одат на избори ќе одат на избори кога ние ќе имаме десетици заболени и по пет шест мртви тогаш секоја чест и немам што да додадам. Откако ќе го заштитиме здравјето на граѓаните откако ќе ја поразиме оваа пандемија предизвикана од ковид-19 тој е готов и тој ќе ги изгуи изборите”, рече Мицкоски.

Власта пак без конкретен одговор дали е подготвена да оди на избори без ВМРО-ДПМНЕ. Ако не се гласало набрзо според СДСМ постои опасност да не можат да се спроведат избори и во редовниот термин.

“Справување со корона вирусот, носење мерки за здравјето на граѓаните секако и во однос на економијата можат да бидат обезбедени исклучиво со институции кои ќе имаат  полн капацитет и полн легитимитет даден од граѓаните”, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

ДУИ е на позиција дека ќе се направат обиди за консензус за петти јули, но ако не се успее во тоа изборите треба да се одржат наесен.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста