Полициски час во Њујорк до недела, судири низ САД, се бара да интервенира војската
Протестите во САД не стивнуваат. Полицискиот час во Њујорк по насилните демонстрации и грабежи ќе остане во сила до недела, 7 јуни. Полициски час е воведен во повеќе од 10 градови, а властите во некои од нив, бараат интервенција на армијата, која веќе е распоредена во Минеаполис и во неколку други американски градови.
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш изјави дека убиството на Џорџ Флојд отсликува шокантен неуспех во однос на расизмот во земјата и повика да се послушаат пораките на демонстрантите.
„Оние кои ги замолкнуваат тие гласови не разбираат што значи Америка, или како таа може да стане подобро место“, истакна Буш, без да го именува Трамп, кој застапува сосема поинаков пристап.
За време на протестите во Њујорк настрадаа откако неколчку елитни продавници, како бутиците на „Шанел” или „Долче & Габана”, продавниците на „Епл”, „Ролeкс”. Само во градот Њујорк досега се упасени околу 300 луѓе.