Фирми блиски до Заев ќе копаат јаловина во РЕК Битола?

Фирми блиски до Заев ќе копаат јаловина во РЕК Битола?

Македонската економија тоне, но и во вакви услови на некои компании им оди и повеќе од добро.

Фирми блиски до семејството Заеви добија милионски тендер за ископ на јаловина за РЕК Битола.

Државната ЕСМ, односно производствената подружница РЕК Битола, склучи договор од речиси 25 милиони евра, најголема сума во последните речиси десетина година.

Тендерот го добила градежната фирма од Битола, „Марковски компани“ која е специјализирана за копање јаглен и јаловина и неколку години наназад одработува договори за РЕК.

„Марковски компани“, според договорот, има три фирми подизведувачи. Две од нив се струмичките компании „Сим Инженеринг“ и „Јавор Транс“. Првата е сопственост на Симеон Крстев, а втората на неговиот син Горан Крстев. Последниот е бизнис-партнер и близок пријател на поранешниот премиер Зоран Заев. Третиот подизведувач е „Топлина“ од охридско Подмоље.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )