Светска Банка ја намали проекцијата за економски раст-Македонија најлоша во регионот

Светска Банка ја намали проекцијата за економски раст-Македонија најлоша во регионот

Светската Банка ја намали проекцијата за економскиот раст на Македонија, земјава останува закована на дното во регионот.

Во најновиот извештај се наведува оти годинава ќе завршиме со раст од само 1.8% што е за 0.6 процентни поени помалку во однос на очекувањата од пред неколку месеци.

Подобро од нас се рангирани буквално сите земји од регионот, освен Бугарија за која е проектиран раст од 1.4%.

Според Банката, јавниот долг кој во моментов е 59.1 ќе се зголеми на 60.2 проценти од БДП до крајот на годината. Долгот се очекува да расте и во следните две години и во 2025 година да достигне 62.2%.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )