Тренчевска контра пензионерите – ниту најавила покачување од 6,8%, ниту признава дека некој добил само 300 денари на сметка

Тренчевска контра пензионерите – ниту најавила покачување од 6,8%, ниту признава дека некој добил само 300 денари на сметка

Се продлабочува јазот помеѓу пензионерите и минстерката за труд и социјала. Јованка Тренчевска вели дека покачување на пензиите за 6,8 отсто не им ветила ниту таа, ниту било кој претставник од Владата. Негира и дека со последното покачување некој пензионери добиле само 200 до 300 денари плус на сметката. Ваквиот однос на минстерката дополнително ги револтира пензионерите. Со протестите нема за запрат. Сега ќе застант и пред Амерканската амбасада и Кацеларијата на ЕУ во Скопје.

Власта да престане да не лаже, министерката Тренчевска еднаш да застане на страната на пензионерите и да ни го даде  тоа што го бараме – пензии достојни за нормален живот. Пензионерите се револтирани оти власта не им го дала ниту минималното покачување од 7%, па затоа најавија дека не се откажуваат од своите барања и најавија протести пред Американската амбасада, но и пред здрадата на Европската Унија во Скопје, со цел на далеку да се чује гласот на пензионерите.

  • Ова е катастрофа. Наајавуваме масовни протести секаде, а и протести пред Американската амбасада, но и пред здрадата на Европската Унија во Скопје, со цел на далеку да се чује гласот на пензионерите. Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, вели за Алфа Верче Јанческа од иницијативниот одбор на пензионерите на протестите.

Пензионерите се чуствуваат изиграни од оваа влада, велат дека ако има пари во буџетот за високи функциоенрски плати, мора да  одвојат барем 5.000 денари месечно за секој пензионер, во време кога цените на лековиите и прозводите неконторлирано растат. 

Минстерката Тренчевска контра пензионерите. Вели дека никој од владата до сега не им ветил зголемување од речиси 7 проценти, а ги негираше и тврдењата дека поединци добиле зголемување од само 200 до 300 денари на сметка.

Тренчевска, на прашањето дали повторно ќе се преговара со пензионерите, информира дека утрово го добила извештајот од работната група и оти ќе го проследи до Влада, за да се одлучи какви мерки ќе се креираат. На прашањето за реакциите на некои пензионери кои тврдат дека добиле зголемување само од 200 до 300 денари, Тренчевска кажа дека таа информација не е точна.

  • Не може да биде 200, 300, затоа што процентот 5,3 е согласно податоците од Државниот завод за статистика. Јас претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 проценти, затоа што 6,8 ниту јас, ниту било кој претставник на Владата има изјавено. Моите изјави беа помеѓу 5 и 6, и околу 6, меѓутоа податоците секогаш велев ќе ги почекаме податоците од ДЗС. Тоа е институцијата која што ги дава податоците за индексот на просек на живот,индексот на просечната плата за порастот на просечната плата. Така да, ако има некој 200 или 300 слободно нека пријави во МТСП затоа што тоа е систем на пресметка. Јас не верувам дека некој има 200, или 300 денари добиено зголемување односно усогласување затоа што ако најниската пензија беше 12.500, на тоа кога ќе преметате 5,3 е околу 800 денари, рече Тренчевска. 

Пензионерите не отстапуваат од барањата за повисок стандард, линеарно покачување од 5.000 денари, како и минималната пензија да биде 18.000 денари. Во знак на револт, мирен протест одржаа пензионери од Неготино, на градскиот плоштад, барајќи подостоинствен живот за луѓето од третото доба.

Според нив, пензионерските протести ќе продолжат со тоа што во иднина ќе стануваат се порадикални, со повеќечасовни блокади на секаде низ земјава.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )