Дали власта калкулира со аболициите на Иванов?

Дали власта калкулира со аболициите на Иванов?

Скопски адвокат бара од Врховниот суд да ги оживее аболициите на екс претседателот Горге Иванов. И покрај тоа што Судот, во случајот „Транспортер“ реши дека помилувањето не важи, адвокатот Миле Наумовски, летово поднел иницијатива со која  бара да се преиспитуваат поништените аболиции од екс претседателот. Иницијативата била поднесена на 26 јуни, а Врховниот суд има рок од 6 месеци односно веќе крајот на декември треба да ја донесе одлуката. Барањето било распределено кај судија – известител и е во фаза на изготвување реферат, велат од Врховниот суд.

  • Доставена е Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател“ велат во соопштението од Врховниот суд.

Известувањето од Врховниот суд се поклопува со неодамна донесените измени на Кривичниот законик и најавениот нов закон за амнестија кој би опфатил повеќе поранешни функционери.

Врховниот суд летово еднаш ги одби иницијативите за аболициите на Иванов, кога одлучување за предметот „Транспортер“ на згаснатото Специјално јавно обвинителство, каде осудени се 9 лица.

Со оглед дека тие ги исцрпија сите домашни правни механизми, сега единствената опција што им преостанува за да ја добијат правдата која ја очекуваат е Судот за човекови права во Стразбур.

Доколку највисокиот суд даде позитивен начелен став односно ги легитимира помилувањата на Иванов, аболицираните функционери, кои уште се бранат пред македонските судови, би се спасиле од кривичен прогон.   

Од друга страна, поранашни функционери веќе поднесоа иницијативи до Судот во Стразбур, за кое се изјасни дека преурането се поднесени жалбите и дека предметите на поранашеното СЈО засега нема да пропаднат но за нив ќе одлучуваат кога ќе се исцрпат сите домашни правни лекови.

Викторија Миткова

https://youtu.be/ga85QfHVEKU
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )