Случај имоти во Градиште – за кој моќник не се почитуваат судските одлуки ?

Во најкритичниот извештај што последниве години го добила Македонија од американскиот Стејт депармент за заштита на човековите права во земјава,се најде и случајот ” Градиште” како еден од помасовните случаи на денационализација кои 25 години безуспешно се водат во Македонија. Членовите на 36 семејства во Охрид одржаа протести во април минатата година тврдејќи дека властите не ги надоместиле соодветно за парцелите кои државата ги национализирала во 1957 година- се наведува во извештајот. 

Народниот правобранител констатирал големи потешкотии и процедурални пропусти во случаите за денационализација и доцнењето ги припишува на лошата работа на комисијата за денационализација при Министерството за финансии, како и на неефикасната соработка со Управниот суд и другите владини агенции. Законот за денационализација од 2000-та година ја пропишува постапката за денационализација како „итна“ – велат од Стејт департментот.

Имотите се простираат на најатракривниот дел од охридското крајбрежје на површина од околу 100.000 метри квадратни,вели Адријана Башоска чие семејство како и останатите 3 децении бараа правда,но таа затајува.

 “ Сите баратели на имот во процес на денационализација во Градиште, имаат 4 или 5 пресуди од Управниот суд во нивна корист.Судските пресуди од Управниот суд се задолжителни и извршни,но комисијата за денационализација која што е во состав на министерството за финансии,носи решенија кои се спротивни пред се’  на законот за денационализација,а потоа и на Уставот на Република Македонија.Со тоа, брутално се кршат човековите права на барателите на имот во процес на денационализација”-вели  Андријана Башоска од здружение на граѓани “Оревче”.

Денационализацијата во Градиште е заглавена во корумпираноста и неспособноста на институциите и судовите.Државата мора веднаш да го заврши овој процес-вели Башоска.

Од здужението “Оревче” обвинуваат дека законот за денационализација се спроведува селективно.Потсетуваат на скандалозната одлука, со која државата им понуди да ги обесштети плаќајќи им по 200 денари за квадртен метар. Локален моќник  шурувајќи со судии и државни службеници, се обидува да приграби имот вреден над 20 милиони евра во автокампот Градиште-обвинуваат пештанци обедитени во здружението  “Оревче”

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста