Сивата економија ќе не изеде – годинава се свртеле дури 4 милијарди евра на црно

Сивата економија е погонско гориво за корупцијата , а државата нема волја да ја реши . Анализите на стопанската комора покажуваат минатата година над 4 милијарди завршиле како пари под рака, а  загубени се 1,28 милијарди евра приходи во државниот буџет. Македонија е меѓу најлошо рангираната во регионот по процент на сива економија, а во Европа сме под просекот . Стратегија за борба со сивата економија постои, ама на хартија . 

Еден од предлозите за борба со парите на црно  е УЈП да почне да објавува и кој редовно плаќа данок, а не само листа на должници.

Остава таков простор за нерамноправна борба. Тие субјекти кои плаќаат ги нема никаде, не може ни да се искажат, а тие што не плаќаат тие се главни и ние ги објавуваме овие, а другите ги криеме, вели Бранко Азески, претседател на СКМ.

Ден денес , сеуште не се издаваат фискални сметки , плата се дава на рака , и дури се бара од вработените да ја вратат назад  . Бизнисот алармира дека сивата економија  е мотор на корупцијата и го поткопува владеењето на правото.  

Сметаме дека е потребна силна политичка волја и во контекст на Декларацијата на Стопанската комора за која што зборуваме, државата треба да се грижи да ги наплаќа своите приходи кои што ѝ припаѓаат, но не од оние кои што редовно ги плаќаат, туку од оние кои што треба да ги внесеме во системот и да ги направиме уредни даночни обврзници, односно субјекти кои што ќе си ги плаќаат своите давачки, порача Гацов

Низ бројки 33,2 проценти од БДП во 2022 година „сивиот дел“ на македонската економија изнесува 4.282 милиони евра, односно 1.280 милиони евра изгубени приходи во државниот буџет. Ако како земја би успеале да се сведеме на просекот од ЕУ, со толкава сива економија би имале 450 милиони евра поголеми приходи во буџетот годишно, појасни Јованосвки.

После 31 година од осамостојувањето, државата мора да направи рестарт . Од Стопанската комора сметаат дека е  неопходен  консензуз помеѓу фирмите и државните структури и сите релевантни фактори кој ќе ги обврзе наредните 10 години развитокот на економијата, а не политичките случувања да е најважното прашање.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста