СДСМ тоне како грчки ПАСОК: Веќе не е прашање дали ќе загубат на избори, туку дали ќе доживеат катастрофален пораз

СДСМ тоне како грчки ПАСОК: Веќе не е прашање дали ќе загубат на избори, туку дали ќе доживеат катастрофален пораз

Пропаста на славниот ПАСОК во Грција, кој од главна политичка сила, речиси исчезна од политичкиот живот е судбината која му се заканува на СДСМ во Македонија. Самото тоа што владејачката партија на анкетите падна дури на трето место, покажува дека падот од власт не само што е неминовен, туку може да биде катастрофален. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека самото тоа што коалициониот партнер Али Ахмети, се искачи над Ковачевски е јасен став дека на изборите на СДСМ му се пишува црно.

-Вие да сте владејачка партија, а да паднете според рејтингот, да бидете дури трета, дури и со помал рејтинг за неколку промили од оној на коалициониот партнер ДУИ, покажува дека очигледната нивна функција во оваа Влада покажува една форма каде што тие се во слободен пад. Севкупно гледаме дека опозициското размислување, опозициското гледање на народот е во една апсолутно нагорна линија, изјави Ристевски.

За СДСМ спас нема да биде ниту евентуалниот најавен европски фронт, каде тие би оделе на парламентарните избори заедно со ДУИ и Алијанса за Албанците. Ристевски вели тоа го покажуваат и рејтинзите, на кои ВМРО-ДПМНЕ заедно има поголем рејтинг од овие три партии.

-Онаа весела математика за која се зборуваше, дека евентуално би се споиле ДУИ заедно со СДСМ, па можеби и некоја друга партија и би направиле некаков си проевропски блок, можеме слободно да кажеме дека таа весела математика не е така во реалноста. Но, дури и да се спојат тие проценти, еве 9, нешто и 9, нешто и некој другите еве како што е Алијанса, повторно би имале помал рејтинг од тоа што во моментов опозициската ВМРО-ДПМНЕ има, изјави Ристевски.

Инаку според анкетата на Маркет Вижн спроведена за потребите на порталот МКД.мк СДСМ стана трета политичка сила во Македонија, со рејтинг од смо 9,5 проценти, пред нив е дури и ДУИ со 9,7, додека убедливо најголема доверба кај граѓаните има ВМРО-ДПМНЕ со 25,1 процент. Слична е состојба и кај политичките лидери. Таму на врвот е Мицкоски со 12,3 проценти, што е за речиси три пати повеќе од вториот Ахмети кој има 3,7 и третиот Ковачевски кој има 3,5 проценти.

Случајно или не, како контра одговор, се појави и анкета на неделникот Фокус, правена од агенцијата Стратум, која на минатите локални избори целосно промаши предвидувајќи победа на СДСМ. Според оваа анкета, која масовно се шири од профили на социјалните мрежи кои важат за блиски на СДСМ, владеачката партија има предност од 15,8 проценти, пред ВМРО-ДПМНЕ која има 10,1 процент, трета на оваа анкета е евентуална нова партија предводена од Никола Груевски со рејтинг од 9,2 проценти. Иако сите анкета велат друго, според оваа најпопуларен политичар е Димитар Ковачевски со 12,8 проценти, по него е Груевски со 11,1 , додека трет е Мицкоски со 10,5 проценти.

Оваа анкета е спроведена телефонски во период од први до шести октомври на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )