Ковачевски во улога на нутриционист – чипсот и мастиките биле нездрави, зошто тогаш поскапеа и цвеклото и чајот?

Дали чајот , кашкавалот ,  мастиките се луксуз или нездрави производи ? Економскиот ресор во Владата на чело со премиерот стои на ставот дека поскапените производи се нездрави за исхрана или луксузни и не отстапува од поскапото ДДВ и   тврди дека креирале мерки кои давале резултати , и  дури имало поевтинувања во маркетите .  ..За Премиерот Ковачевски поскапувањето на  сладоледот, чипсот,  лутеницата  е фер листа и добро решение, а Македонија пак имала најниска стапка на ДДВ во регионот.

– Кај листата со повластена стапка, ние имаме најголема стапка од 1600 производи со 5% ДДВ. Има одреден број на производи кои се на повластена стапка од 10%. Тие се производи што се сметаат за луксузни и за неосновни во најголемиот дел од домаќинствата, а дел од нив и не толку здрави за населението, како чипсот за кој секој лекар ќе ви каже дека не е добро да биде дел од секојдневната исхрана, се наоѓаат на листата производи со повластeна стапка, рече Ковачевски .

Даночната реформа е класичен арач за граѓаните и стопанството реагираат од опозицијата . Од таму предупредуваат дека парите од ДДВ – то  Владата ќе  ги троши на своите фирми . Од ВМРО – ДПМНЕ бараат да биде ревидирана листата

„Каква навреда за интелигенцијата на народот. Не постои друга држава во Европа, а веројатно и во светот, што во време на ваква инфлација се одлучува дополнително да ги покачи цените на прехранбените производи со цел да прибере повеќе данок. Даночната реформа на СДСМ и ДУИ е всушност арач за граѓаните и стопанството, рече Бојан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ.

За кои производи и дали  ќе се побара намалување на стапката на ДДВ на утрешната Владина седница конкретна информација нема . Бектеши не ја видел луксузната листа бидејќи бил на службен пат , намалување на ДДВ ќе побара само ако на таа листа се нашле основни производи

-Им гарантирам на граѓаните дека ако во листата на производите со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа утре ќе биде ревидирано. Во однос на другите производи, тоа е одлука на Министерството за финансии и ќе имаме можност дополнително да ја разгледуваме. Јас утрово разгледав одредени производи од листата, во текот на денот ќе ја прочитам цела листа и ако има потреба, утре на владина седница, како Министерство за економија ќе го кажеме нашиот став .

Даночната реформа власта ја протурка во Собрание  и покрај негодувањето на бизнис заедницата и граѓаните .  Убедувањата беа дека ќе поскапат производи кои не се користата во секојдневна употреба како перки од ајкули или кавијар , но добивме 250 категории на производи со ознака „луксузна цена“ , а гарантирана пак само 25.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )