„Прилеп и Македонија никогаш не биле, ниту пак некогаш ќе бидат – бугарска земја“, порачуваат прилепчани

       „Овде, во овие планини, лежат коските на илјадници македонски борци кои себе си се вградиле во темелите на слободна, суверена, самостојна Македонија. Македонија никогаш ниту била, а ниту некогаш ќе биде „бугарска земја“, порачаа денеска прилепчани од едночасовната блокада на патниот правец Прилеп-Градско, кај месноста „Заполшки мост“.

    „Овој македонски народ уште пожестоко да реагира и да не се предава. Македонскиот народ си е македонски. Илјадници луѓе лежат по планините кои што се бореле и кои го дале животот за Македонија. Македонскиот народ си ја сака државата и ништо друго, освен Македонија“, рече Илија Димоски – Шаторо.

  „Јас не можам да си дозволам со мирно да го изгубам она што, генерации, зборувам за мојата фамилија, го добиле. Тоа е оваа Македонија и сето што е македонско. Јас олку можам, олку правам на овој протест. Доколку секој го направи тоа, мислам дека нема да има никаков проблем ни за Македонија, ни за нас“, изјави Илија Богатиноски. 

   Денешниот протест во прилепско го поддржа и Гернереланиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, според кого актуелниот францускиот предлог е крајно лош за Македонија и задолжително треба да биде отфрлен и од Владата, а и од Собранието.

   „Таквиот француски предлог е само стапица кој што не носи ништо добро за евро-интегративните процеси на РМ. Ние укажуваме дека Владата не треба да го прифати овој предлог, но доколку и го прифати предлогот, ние во Собрание нема да дозволиме да има уставни измени“, – кажа Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

  Денешниот прв протест со блокади на патиштата на неколку точки низ Македонија, во прилепско беше поддржан и од неколку пелагониски градоначалници.

 Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста