Преспа – Второто најголемо езеро кое Македонија го дели со Грција и Албанија буквално го снемува

Преспанското езеро пред еколошка катастрофа,второто по големина природно езеро кое Македонија ги дели со Грција и Албанија буквално го снемува.Нивото на езерото се спушта и до 3 метри под критичниот минимум,а повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри, во зависност од конфигурацијата и местоположбата-вака е на македонската страна, но на албанската состојбата е уште по алармантна. Три поколенија од семејството на  Спасе Трпо кој живее во Пустец,Мала Преспа го мерат водостојот на езерото,податоците кој тој ги има датираат од 1946 година. Некогаш водата доаѓаше до црквата која е на сред село, но последниве 5 децении водостојот е паднат за повеќеод 8 метри, од кои 2 метри воден столб Преспанско ги изгуби во последните две години.

Ние сме карстно место каде што нашето езеро има многу бегање на водата во Охридското езеро, така што ова езеро е околу 150 метри погоре од Охридското езеро и сите води се влеваат во Охридското езеро во изворите на Свети Наум,во албанскиот дел Тушемиште, така што многу вода си заминува од нашето езеро, а малку вода се влева рече Спасе Трпо-проф.по географија.

Мештаните сметаат дека причината за сушење на Преспанското езеро лежи во климатските промени,но не само тоа.

Па и недоразбирањето на сите три држави да го спасат езерото, мислам ако има добра соработка меѓу трите држави,езерото во наредните 10 години може да се врати во нормала.Сега во каква состојба е ? Во жалосна состојба-вели Борче Стојанов-жител на Пустец.

Градоначалникот на Пустец пред десет дена има средба со претставници на релевнти институции од Македонија,Албанија и Грција. 

Имаше стручњаци кои сакаат да најдат начин за спасување и од загадувањето на езерото ,но многу потешко ќе биде за повлекувањето на Преспанското езеро- рече Пали Колески градоначалник на Пустец.

Поради опаѓањето  на нивото на водата во Преспанското езеро,не само што е намален и рибниот фонд,туку одредена популација на риби не целосно истребена.

Состојбата со Преспанското езеро од година во година е се’ поалармантна.Нискиот водостој претставува опасност и за Охридското езеро,бидејќи 25 % од свежата вода која што се влева во Охридското езеро, доаѓа токму од Преспа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста