Премиерот Kовачевски без конкретен одговор за 8 мај како датум за споени избори

Премиерот Kовачевски без конкретен одговор за 8 мај како датум за споени избори

Премиерот Ковачевски не е сигурен за датумот на кој треба да се одржат претстојните избори. Иако речиси сите партии не прават проблем кога истите ќе се одржат, ВМРО-ДПМНЕ понуди и датум кој би бил погоден за изборите да бидат ем споени, ем во редовен термин, сепак Ковачевски тактизира, за понудата за одржување на изборите на 8 мај, тој нема став, требало да се разговара и време имало.

Значи време има, политичка воља има, избори ќе има, а тие ќе бидат редовни, а кога ќе биде договорено кога ќе бидат, бидејки во моментов ние имаме претседателски избори кои што треба да се случат до одреден рок…..Кога ќе бидат усогласени сите ставови тогаш може да биде информирана и јавноста. До тогаш се е на ниво на желби, на ниво на шпекулации а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби ни на ниво на шпекулација, потенцира Ковачевски.

Дека време нема баш, зборува фактот што изборите треба да се одржат за неколку месеци, а со оглед на тоа дека треба да има 100 дена техничка влада, остануваа уште нешто помалку од два месеца за да се прецизираат датумите за избори, дали истите ќе бидат споени или раздвоени, кога би почнала кампањата и слично.

Останува отворено прашање дали неконкретниот одговор на Ковачевски за 8 мај како датум за одржување на споени избори е затоа што СДСМ се уште вагаат која опција ќе им донесе најмалку штета или пак бараат барем солиден аргумент да понудат за зошто изборите би биле одовоени кога има можност да бидат во редовен термин, но и споени со кои државата би заштетила милиони евра, а одржување на едни избори се порценува дека чини од 8 до 10 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај, но тогаш е Велигден. Во пресрет на одржување на споени избори за да се намалат трошоците, и истите да бидат споени, но и да се запазат роковите за редовна процедура претседателот на партијата, Мицкоски предложи, истите да се одржат три дена по Велигден.

Во минатото имавме пракса, така беше на последните избори 15 јули 2020 година, и во среда имаме избори и затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните. Би имало 72 часа рокови за жалби, за одлуки и така натаму и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде инаугуриран. Ова е логиката“, рече вчера во Гевгелија Мицкоски.

Од ДУИ велат дека нив не им е важен датумот кога ќе се одржат изборите, имале добра позиција, и партијата на Таравари сака заеднички избори, по се изгледа главен кочничар за да не се трошат куп пари, за два избори циклуси се СДСМ, за како што велат дел од познавачите, за ден плус во владејачка фотеља. А одржувањето на споени избори според голем дел од политиколозите е добра можност за да се избегне било каква можност за неисполнување на цензусот од 40 % плус еден глас за претседателски избори, кој ако не се исполни изборите ќе бидат неуспешни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста