Судскиот совет ги разгледува жалбите на 20 судии кои конкурираа за место во скопска Апелација

Судскиот совет ги разгледува жалбите на 20 судии кои конкурираа за место во скопска Апелација

Нов избор, нов сомнеж кај јавноста за задкулисни игри во Судскиот совет. Речиси половина од судиите кои се кандидарале за место во скопска апелација, поднеле жалби незадоволни од бодирањето за познавањето на странски јазик, објавенитрудови, степен на образование, менторство и слично.

На конкурсот кој што беше распишам на 5 јули 2021 година, се пријавиле 59 кандидати, а во Апелација има само 8 слободни места. Судскиот совет веќе целосно ги одби жалбите на двајца кандидати, од кои еден е судијата од граѓанскиот суд, Андреј Димовски.

Тој се жалел по повеќе основи, но клучната вели во изјава за Алфа била непризнавањето на 2019-та година кога работел во Меѓународниот суд во Стразбур. Димовски дополнува дека има поднесено и тужба во Управниот суд за оценката која што ја добил од членовите на највисокото судско тело.  Според него ова не е борба на еден судија, туку показател како да се корегираат ваквите недостатоци кои би се појавиле и во иднина.

На седницата, на која делумно беа прифатени само 7 од жалбите, а разгледени половина од 20-тте поднесени,  се виде поделеноста во ставовите на членовите. Препирања повеќе од четири часа имаше околу тоа дали треба да се прифатат сертификатите за странски јазик и комјутерско познавање, кои кандидатите ги стекнале во периодот додека траел огласот.

На следната седница на судскиот совет, ќе се дебатира за останатите 10 жалби на кандидатите од Кривичните судови.

Истовремено, судиите кои го поминаа првиот филтер, ќе ги полагаат психолошкиот и тестот за интегритет, како два од неколкуте услови за избор во повисок суд.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста