„Нервозна“ власт: Битиќи реши да си замине кога слушна прашање за ДУИ, Ковачевски кажа дека било некоректно прашањето

„Нервозна“ власт: Битиќи реши да си замине кога слушна прашање за ДУИ, Ковачевски кажа дека било некоректно прашањето

Мислам дека јас не треба стојам на вакво прашање. На власта не и се допаѓаат прашањата дали ДУИ ќе ја има целосната контрола во државата. За премиерот Димитар Ковачевски тоа не било коректно прашање, додека пак неговиот заменик Фатмир Битиќи отиде уште подалеку, не можел да стои после вавкото прашање на Алфа телевизија.

-Вие останувате на ставот дека нема да има заедно парламентарни и претседателски избори, поради високиот цензус во вториот круг има опасност да не успеат претседателските избори, а имате договор последи 100 дена ДУИ да предложи премиер, дали сте спремни ако не успеат изборите Талат Џафери да биде претседател, а од ДУИ премиер, па целата држава да биде во рацете на ДУИ?, гласеше прашањето.

Мислам дека јас не треба да стојам на вакво прашање, порача Битиќи.

Прашањето ваше беше апсолутно некоректно, надополни Ковачевски.

Власта останува цврста на ставот да има два посебни изборни циклуси и со тоа да се трошат двојно повеќе државни милиони. Премиерот вели си има законски рокови кои мора да се почитуваат.

-Во однос на тајмингот тоа мислам дека е нешто што може да се разговара се разбира, во однос на тоа во кој месец ќе биде, тоа е согласно роковите во Собранието и сметам дека треба да седнат претставници на политичките партии на работно ниво, кои што ќе можат да разговараат за деталите, изјави Ковачевски.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски пак е на ставот дека мора да се седне на маса и да се разговара за оваа тема, со цел државата да не падне во уставна криза.

Некој нека седне да ги дефинираме роковите, затоа што видете што може да ни се случи. После неуспешни претседателски избори, уставниот рок е дека за 40 дена треба да се повтори процесот. Ние можеме да влеземе во еден континуиран процес на повторување на неуспешни претседателски избори. Не само ние да се измориме, да се измори државата, изјави Мицкоски.

Кога се евроинтеграциите во прашање и премиерот по се изгледа ја согледа реалноста, ќе мораме да почекаме на реформите внатре во ЕУ, па да се надеваме на членство.

-Европска Унија треба да се подготви за да може да функционира со повеќе земји членки, во Гранада на неформалниот состанок на ЕУ, на кој што и јас присуствував на состанокот на првиот на европската политичка заедница, тие го отпочнаа процесот на внатрешни реформи кој што ќе биде и официјализирен на самитот во декември, изјави Ковачевски.

Инаку, власта има план претседателските и парламентарни избори да ги одржи во два термини, што би значело дека би се трошеле двојно повеќе пари во само два месеци. Едните избори би биле во мај, другите во јули.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )