Мицкоски: Имаме план за помош на граѓаните и стопанството, уставни измени под бугарски диктат нема да има 

ВМРО-ДПМНЕ цврство стои на ставот, уставни измени под бугарски диктат нема да има, ниту пак овој парламент има мандат да го направи тоа. Лидерот на партијата, Мицкоски вели дека имаат план за помош на граѓаните и закрепнување на стопанството, составен од три дела: национален, политички и економски.

  • Подготвени сме веднаш откако ќе завршат изборите да го ставиме на располагање на дипломатите од ЕУ, да разговараме за тој план и тоа е единствениот план за надминување на сегашната ситуација во која не донесе владата на ДУИ поддржана од СДСМ, рече Мицкоски.

Мицкоски повторно побара распуштање на собранието и распишување на предвремени избори.

  • Секоја политичка партија и коалиција, треба да излезе со јасен план и визија, за надминување на проблемот, бидејќи проблемот е тука, ние не можеме да го игнорираме проблемот. Ние ги предупредувавме, три пати ги предупредувавме дека создаваат проблем, тие одлучија да продолжат да го создаваат тој проблем, мислејќи дека на тој начин ќе им бидат заборавени сите криминали е се она лошо што го направиле, мислејќи дека ќе потпишат и со тоа се завршува, рече Мицкоски.

Мицкоски им порача на сите оние од страна кои доаѓаат овде во Македонија, дека се сретнуваат со некредибилни луѓе од владата кои не уживаат никаков авторитет кај граѓаните. Лидерот на партијата апелира да не ја спасуваат политичката кариера на политичките криминалци од владата на ДУИ поддршана од СДСМ. Да се завртат кон народот да го прашаат народот што очекува, а народот очекува час поскоро оваа влада да се распушти, да оди на избори и да избере влада која ќе биде народно поддржана, вели тој.

  • Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме заедно со народот, гледате, тука сме работиме, погготвени сме сите прашања да ги решаваме, но ад го поставиме овој пат прашањето што има за народот и што има за Македонија? Доста беше порази, доста беше губење. Откако го сменивме името, откога го знаме, откога користевме понижувачки имиња, што се не истрпе овој народ, и денеска има конечно една политичка опција која не го поставува прашањето што има за нив , туку прашува што има за народот и што има за Македонија? прашува Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секојдневно е под притисок за да учествува за промена на Уставот, и дека тие притисоци се сериозни, но тој и ВМРО-ДПМНЕ нема ни милиметар да се поместат од ставот дека уставни измени овој парлеманет нема мандат да направи.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста