Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако законот за амнестија биде со европско знаменце

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако законот за амнестија биде со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти работата на Собранието ако законот за амнестија биде со европско знаменце, порача првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во својот говор на годишната конференција на Унија на ветерани, тој испрати јасна порака, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот со кој криминалци и убијци ќе бидат пуштени на слобода, а ако власта како што вели тој пак ги злоупотреби своите овластувања, неговата партија ќе излезе од Собранието.

Овој закон за слобода на криминалци меѓу кои и оние од Монструм за кој нема европско знаменце што значи нема скратена процедура ќе мора да се дискутира во парламентот за него, по стандардна процедура, ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека ќе го блокира. А, ако решат да ги злоупотребат своите овластувања, како што тоа го направиле досега многупати, и повторно злоупотребат скратена процедура и европско знаменце на овој закон, тогаш ќе побарам од Извршниот комитет и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ поддршка за одлуката пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ја напуштат работата на Парламентот. Нема да дозволиме тие да ја убиваат правдата, и да не го слушаат народот, рече Мицкоски.

Коментирајќи ги измените на кривичниот законик, кои ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржува, како и скандалозниот предлог закон за амнестија за кои владата се повикува на европските практики, Мицкоски прашува „каде во Европа се ослободуваат терористи и убијци“?

Од друга страна со мирна совест излегуваат и си велат дека следеле европски практики, а никаде во Европа нема терористи да ви убијат 5 луѓе од кои 4 деца како што беше случајот со Смилковското езеро и сега нивните џелати да ги пуштаат на слобода со Закон за амнестија. Ќе ве потсетам ако се сеќавате велеа „нема правда нема мир“, ветуваа дека ќе се дознаела вистината за убиството за Смилковското езеро, организираа протести, заведуваа народ, ги лажеа родителите на настраданите, за да сега истите тие се борат за нивната слобода, порача Мицкоски.

Покрај горчливите теми за законите во Собрание, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно го кажа својот став за уставните измени и уцените од Софија. Мицкоски јасно порача дека нема да прифати диктати помеѓу, како што вели тој, корумпирани политичари и тесна група на луѓе. ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе остане прозападна политичка партија и партија која припаѓа на македонскиот народ.

Мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател и додека сум, жив нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повика и на обединување на сите оние кои се против оваа, како што тие ја нарекуваат, криминална, корумпирана и ненародна власт. Порача дека неговата партија е сега не само во двојна предност во однос на СДСМ, туку многу повеќе. ВМРО-ДПМНЕ, е пред прагот да го повторно обедини македонскиот народ и граѓаните во Македонија на следните парламентарни избори за историска рекордна победа-порача Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )