Спасовски уверува дека има единство во СДСМ, се уште не зборувале за претседателски кандидат

Спасовски уверува дека има единство во СДСМ, се уште не зборувале за претседателски кандидат

Една птица не прави пролет, така и една насмеана фотографија не прави слога. Законот за амнестија, уставните измени, како и битката за кандидат за претседател од редовите на социјал-демократите ги раскара сопартијците, иако тие барем декларативно демантираат.

Ако работите одат како што треба, СДСМ нема да кријат дека на само неколку месеци пред избори разговараат за името со кое ќе настапат на претседателските избори.

Меѓу главните имиња се шпекулира дека се Пендаровски, Спасовски, Шекеринска, а токму нивните фракции ги влечат конците кон себе и со тоа се зголемува раздорот во СДСМ.

Токму Спасовски прашан дали во паријата имаат кавги за кој да биде кандидат за шеф на државата, рече дека сега не се зборувало за претседателските избори.

  • „Не може да стане збор за никаков конфликт за прашање како што се претседателските избори, затоа што не се отвори тоа прашање и за тоа не се разговара во партијата сè уште. Кога ќе дојде време, ќе разговараме и низ дијалог ќе се утврди тоа што е најдобро. За нас што е важно? Важен е европскиот фронт, таа опција која нуди извесност на државата и граѓаните да ја добие довербата од граѓаните“, рече Спасовски.

Разидинување помеѓу функционерите на социјал-демократите има и за законот за аместија кој треба да најде пред пратениците на гласање. Спасовски не се согласува криминалците и убијците да бидат пуштени на слобода, додека неговата партија го утврди законот во влада и се чека да влезе во Собрание.  

  •  Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став. Цврсто стојам на тој став дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие оние кои се на издржување казни, да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во казнено-поправни установи“, рече Спасовски.

Со денови гласни се шпекулациите кај јавноста дека во СДСМ петте фракции, односно на Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и екс лидерот Зоран Заев влечат конци кон себе, жестоко се борат и со тоа ја разединуваат партијата и губат дел од членството со задкулисните игри, а според коментарите тоа ќе резултира со пораз на наредните парламентарни избори.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )