Маневски: Со скандалозните закони власта не води кон ново правно вето од ЕУ

Маневски: Со скандалозните закони власта не води кон ново правно вето од ЕУ

Носењето на закони со кои на криминалците им се даваат крилја ќе не донесат до ново,  овој пат правно вето на патот кон ЕУ. Нема да помине злоупотребата на европското знаменце за амнестија на криминалните функционери, коментираат упатените. Поранешниот министер за правда Михајло Маневски вели дека не само една членка, туку и други членки реагираат за состојбата со владеењето на правото во земјава.Тој е е зачуден зошто Кренар Лога е сеуште на министерската позиција по скандалозното носење на законските измени, кои тој не се појави да ги одбрани пред пратениците.

Маневски појаснува дека со ваквиот закон нема да има одговорност ни за контроверзниот и во четири очи склучен договор со Бехтел и Енка со кој граѓаните се задолжуваат за десетици години, а за кој и тој самиот поднесе кривични пријави.

За шест години македонското правосудство како камиказа во самоубиствен поход. Од 55% доверба кај граѓаните во 2015 година стигна до резултат од само 2%. Се менуваа закони со кои се амнестираат криминалците, а во затвори се скапува за кражба на ќебапи.

Носењето на закони без консултации и без да се слушне гласот на правната фела предизвикува голем револт кај јавноста. Групата на граѓански организации за реформи во правосудството, Блупринт токму од тие причини се повлече од изработката на новиот кривичен законик.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )