Катастрофален земјотрес во Мароко, расте бројот на жртви и повредени

Уништени згради, куќи мостови и улици, плач и паника од сите страни, загинати и тешко повредени луѓе – по катастрофалниот земјотрес во Мароко со јачина од 7,2 степени по Рихтер. Спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините и не е познато колку луѓе се заробени. Траорни сведоштвата од жителите, велат потресот бил ужасен.

„Првото навестување беше кога мојата сопруга почна да вреска. Само што ги отворив очите. Не можев да замислам дека сум среде земјотрес. Сè се тресеше – креветот, четирите ѕида. Мислев дека е невреме, можеби силен ветер. Ја грабнав капата.Земјотресот што го имавме е без преседан, целосно е надвор од размерите. Во Мароко никогаш немало вакво нешто“

„Собата почна да се тресе. Мислам дека вашиот мозок веднаш не регистрира што се случува додека рамката за слики и креветот не почнат да се тресат”

“Бевме толку изненадени од потресот, се во куќата се тресеше јас ен знаев што се случува, мојата мајка ми рече ова е зејотрес. И јас и велам не е возможно” – ова се дел од сведоштвата на жителите.
Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко вчера нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

Тресење на земјата се почувствувало и во Рабат, Казабланка и Агадир предизвикувајќи паника кај населението.

Вчерашниот земјотрес беше најсмртоносниот што го погоди Мароко, по земјотресот во Ал Хосеима во 2004 година.

Светските лидери изразија огромна жалост за трагедијата, најавија и хуманитарна помош за семејствата на загинатите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста