Прослава на „8 Септември“ во Градскиот парк – граѓаните незадоволни во каква Македонија живееме денес

Македонија слави, иако имаме многу причини тоа да не го правиме, но сепак така не мислат и во власта која и овој пат се потруди да организира пригодни манифестации за да покаже пред граѓаните дека сме држава како што доликува. Во Градскиот парк имаше манифестација со присуство на полициско безбедносните сили, културно уметничка програма, музички хепенинг, серија спортски активности, се прикажуваше што имаме, со што располагаме како држава, не само од опрема, туку и од човечки потенцијал. Имаше и доста граѓани, кои сепак не зборуваат дека се среќни, од она што го живеат како живот во оваа наша држава.

Атмосферата по повод независноста денеска во градскиот парк беше срдечна, програмата во режија на власта разновидна, но дали и соодветна на јубилејот? Голем број граѓани дојдоа за да присуствууваат на манифестацијата по повод независноста но на многу малку од нив им беше и до песна и забава. Велат дека она што го живееме денес е многу полошо од она што било во минатото. Се жалат дека станува се потешко и полошо.

Во градскиот парк по повод независноста имаше културно уметничка програма, музички хепенинг, спортски активности. Се прикажуваше со што располагаме како држава, не само од опрема, туку и од човечки потенцијал.

Сепак и срдечниот амбиент не може да го скрие незадоволството кај граѓаните кое е големо. Велат дека државата нема економски просперитет. Наместо да се развива таа велат се празни:

Граѓаните велат дека сега, добро живеат само одредена група на луѓе, кои си земаат добри примања, без да се потрудат да направат нешто добро за државата и народот во неа.

  • Порано беше многу подобро за разлика од денес. Сега живееме многу лошо. Едноставно не може вака да оди, без нормални примања, без нормална живеачка, без насмевки на лицата. Мора да имаме подобро утре, вака не чини, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа.

Граѓаните веќе навикнаа да се жалат, но дали некој и ги слуша нивните маки е вечната дилема. На прославата на Школка денеска дојде и премиерот, во придружба на министри и високи владини функционери, кои се поздравуваа со дел од граѓаните честитајќи им ја независноста на Македонија но не дадоа изјави пред медиумите. Премиерот Ковачевски со неговите соработници продолжи во Пеленица каде по повод денот на независноста си организираше прослава за своите сопратијци.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста