И „Вајмарскста тројка“ доаѓа во земјава да разговара за преговорите со ЕУ и уставните измени

Француската државна секретарка и министрите од Германија и Полска треба да одржат средба со Пендаровски, Џафери, Ковачевски и Маричиќ, но и со координаторите на пратеничките групи во Собранието

„Вајмарската тројка“ составени од високи функционери на Франција, Германија и Полска денеска доаѓа во земјава со цел да разговара со државниот врв, но и со пратениците за процесот на преговори на Македонија со ЕУ и обврските што ги има државата на тој пат, меѓу кои се и уставните измени.

„Вајмарската тројка“ ја сочинуваат државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција Лоранс Бун, германската министерка за Европа и клима Ана Лирман и полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски вел Сенк.

Покрај со вицепремиерот Маричиќ, „Вајмарската тројка“, ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста