Новото политичко движење предводено од Изет Меџити ќе се формира на 13 август

Изет Меџити ги почнува активностите за формирање ново политичко движење чија цел ќе биде обединување на албански опозициски блок.

Синоќа, во големата сала во Чаир, Меџити на состанок се појави со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, поранешниот заменик министер за одбрана Башким Хасани, а со него не се појавија Блерим Беџети, Невзат Бејта и Муса Џафери кои претходно најавија дека нема да дадат поддршка на движењето кое се најавува од страна на Меџити.

На новинарско прашање зошто Меџити е без сите членови на „огнената група“, тој рече дека не е сам и дека со него се уште двајца пратеници и други членови на ДУИ. Меџити рече дека е убеден оти тие и денес исто размислуваат како пред шест месеци или една година, а тоа е дека во ДУИ имаат изгубено контакт со реалноста.

На прашањето колкумина членови на ДУИ си имаат поднесено оставки, Меџити рече дека на чело со него има уште и десетици членови на централното претседателство. Има и луѓе, како што рече, од тесното претседателство, но точната бројка не можеше да ја потврди.

Движењето на Меџити, кое засега нема име, ќе биде формирано на 13 август, ден на Рамковниот договор кога и официјално ќе се формира новиот политички субјект и движење.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста