Здружението на контролори на летање ја поддржува одлуката на синдикатот за штрајк

Здружението на контролори на летање ја поддржува одлуката на синдикатот за штрајк

Во М-НАВ не се знае ниту кој пие, ниту кој плаќа. Партиски вработувања без соодветни квалификации, превработеност, стара и дотраена опрема – ова се главните причини за штрајк на вработените на воздухопловната навигација.

Првиот човек на синдикатот на М-НАВ, Алексадар Тасевски алармира дека работата во лоши услови и вработувањата преку ноќ предизвикува револт кај квалтитените работници, да не си ја работат работата како што треба.

“Неконтролирано се вработуваат луѓе и неконтролирано се одбира кадарот, се прераспределуваат на различни места без никакви процедури.Наместо да се пружи шанса да се бира квалитет, таму се протнуваат луѓе што не го гарантираат тој квалитет.Од друга страна реагираме на сите лоши услови кои ги имаме за работа” вели Александар Тасевски.

Поради сето ова од 12-ти октомври контрoлорите на летање ќе го блокираат небото од 11 до 17 часот ако не се стопираат партиските огласи и вработувања со врски.

Одлуката за штрајк на синдикатот ја поддржува и здружението на контролори на летање. Од здружението истакнуваат, дека најавениот штрајк е кулминација на претходните, континуирани заеднички барања, за подобрување на целокупното функционирање на македонската навигација, чија примарна цел, е – овозможување на безбеден авио-сообраќај, на небото над Македонија, и регионот.

Од Синдикатот бараат Владата или да назначи нов директор или да се договорат со сегашниот дека работите ќе почнат да се менуваат. Само во тој случај ќе го одложат штрајкот.

“Поскауваме и се надеваме дека со директорите ќе најдеме некој начин каде што ќе гарантираат дека сите наши барања ќе ги спроведуваат за да не дојде до штрајкот” – вели претседателот на синдикатот.

Во моментов во М-НАВ вработени се 305 лица, од кои само 75 контролори на летање. Според анализата направена од странски експерти, оптималниот број не треба да надмине 260 лица, од кои половината треба да бидат контролори на летање.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )