Експерти за новиот Закон за помилување: Претседателот станува сервис на Министерството за правда

Експерти за новиот Закон за помилување: Претседателот станува сервис на Министерството за правда

Законот за помилување ќе му ги врзе рацете на претседателот, а Министерството за правда ќе добие клучна улога во спроведувањето на постапката, па така претседателот на државата ќе стане сервис на министерството, според новите измени кои треба да поминат на владина седница. Ниту комисија, ниту прецизно наведено кој и како ќе одлучува кои осуденици ќе се помилуваат, туку се оди преку Министерството за правда. Ова значи дека власта сака целосно да ја премезе и судската власт и тоа на само 6 месеци пред претседателските избори, оценува дел од адвокатската фела.

Власта прави грешка што му го одзема правото на претседателот да аболицира,  не помислувајќи како би се постапило доколку се случи меѓународен скандал.

Ќе му се врзат рацете на претседатлот да аболицира лица без правосилни пресуди, но затоа пак ќе може да брише пресуди. Новото законско решение за помилување на правда овозможува за првпат освен судовите и претседателот на државата преку извештајот што ќе му го достави министерството, да го прави тоа. Тоа значи дека сите осудени политичари во Македонија во иднина нема да мораат преку суд да бараат бришење од казнена евиденција, туку сега министерство може да им заврши работа.

Законот за помилување следи непосредно пред Законот за амнестија кој е во собраниска процедура и за кој стручната јавност апелираше дека тоа не ја решава корупцијата и расчистува затвори, туку напротив, станува збор за политички калкулации.

Со оглед на тоа што пред амнестијата власта ги спроведи измените на Кривичниот законик преку кои функционерите нема да одгоораат за злоупотреба на буџетски средства, помилувањето изгледа како дел од пакет за политички преговори, со оглед на меѓународниот притисок за уставни измени, се погласни се експертите по право.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )