Вучиќ му ја зема славата на Пендаровски: Во ЕУ до 2030-та се само убави желби, ама дали ќе биде не сум сигурен

Нема утре да влеземе во ЕУ па да не погодува изјавата на Емануел Макрон, ваков е ставот на маекдонскиот претседател Стево Пендаровски. Вели ставот на францускиот претседател на бил официјален став на Франција во Брисел, бидејќи бил кажан само на состанокот со амбасадорите во Париз. А и да станел официјален став, не верува дека ЕУ ќе го прифателе.

-Не сме членка, нема да станеме членка утре па да се плашиме дека ќе имаме понизок статус и помалку права од другите земји членки. За нас е најважно да продолжиме по овој формален пат кој го имаме сега и да се придвижиме што е можно побрзо кон Европската Унија. Мислам дека станува збор за еден предлог за размислување, даден и пред пет години, сега е само повторен и не би се вознемирувал премногу се додека не стане официјален предлог во телата и органите на ЕУ, изјави Пендаровски.

Во моменти додека нашите тука не убедуваат дека уште Бугарите во Уставот ни се важни за напредок кон ЕУ, порака дека мора многу повеќе да работиме ни стигнува од хравтскиот претседател. Според Зоран Милановиќ треба да се работи на билатералните спорови, но во исто време и на реформите на домашен план за да добиеме членство во ЕУ.

-Важно е и едното и другото, не знам што би одговорил на ова прашање. Постојат отворени прашања, а особено меѓу Србија и Косово кои што меѓусебно не се признаваат. Тоа се процеси кои што се одвиваат паралелно и истовремено, изјави Милановиќ.

Дека и по уставните измени нема патот кон ЕУ да ни биде послан со рози, како што сакаат да ни претстават нашите власти, ни порача словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

-Проблеми на самиот пат има многу, имавме и ние, не постои лесен пат, но заклучивме дека не помала Европа, туку поголема Европа, повеќе Европа и во овој регион. Ме радува што го усогласивме текстот на декларацијата, изјави Пирц Мусар.

Дамка врз тврдењата на Ковачевски и колегите дека до 2030-та ќе сме биле во ЕУ фрли и српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Да се добие членство во ЕУ најдоцна до 2030-та. Тоа според мене се убави желби, но кој сум јас да го рушам оптимизмот кај некои други и да ја намалувам амбициите кај некои други. Така што мое беше да прифатам, супер ако така биде, ама дали ќе биде не сум сигурен, изјави Вучиќ.

Инаку на лидерскиот состанок на Брдо Бриони во Скопје присуствуваа и претседателите на Албанија, Косово, Црна Гора, како и членовите на претседтелството на Босна и Херцеговина. Потпишана беше декларација со која се бара забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, се договори соработка во борбата против климатските промени и нивно ублажување, како и за задржување на младите во регионот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста