Надлежните молчат дали има недостиг на онколошка терапија на Клиниката за онкологија, опизицијата бара итна разрешница за скандалот

Нема крај на проблемите на онкологија. Пациенти се жалат дека на клиниката во моментов  ја нема потребната современа терапија за сите болни кои имаат потреба. Онколошки пацинети со разни дијагнози, освен што се “осудени” да чекаат со часови за прегледи и хемо терапија, со неизвесност ги чекаат и потребните цитостатици. Дали и кои од лековите за најтешко болните  ги нема, од директорката на онкологија Виолета Клисарова не добивме одговор.И од кабинетот на министерот Меџити молчат.

Дека има недостиг на онколошка терапија алармираа и од ВМРО ДПМНЕ. Од партијата обвинуваат дека здравствените власти повторно ги извисиле пацинетите, ветувајќи им дека современата терапијата за болни од канцер ќе биде ставена на позитивна листа.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ бара итна разрешница за скандалот на Клиниката.

“Бараме веднаш да се донесе Одлуката за формирање на Анкетната комисија во Собранието, бидејќи за овој грозоморен скандал мора да има правда и одговорност. Во спротивно, ќе се докаже и покаже дека сите од власта се соучесници во овој криминал на Онкологија” – вели Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ.

После 10 дена од обелоденувањето на аферата “онкологија”, не стивнуваат реакциите во јавноста. Сите ја бараат вистината. Но досега од институциите нема ништо конкретно. Обвинителството бара докази. А граѓаните ги чекаат имињата и презимињата на виновниците. Пациенти, и нивни најблиски, секојдневно сведочат за своите животни тажни приказни. Но очигледно, најтешко им е на тие кои во моментов се лекуваат на онкологија. Болни, гневни и збунети – се прашуваат дали ја примаат вистинската терапија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста