Алармот за жртви на семејство насилство одамна е вклучен, надлежните не го слушаат

Случајот со претапаното бебе од Дебар го вклучи алармот,ова е само еден од многуте случаи што се јасен показател дека имаме жртви на нефункционалниот систем кој наместо да ги заштитува и јакне ранливите категории на граѓани, не продолжуваат со никакви проверки.Социјалните служби немаат доволно капацитет да се справат со потребите на граѓаните и отпосле се ангажираат институциите-велат познавачите на приликите.

Со хематоми на главата,скршеници на градниот кош и на левата надлактица 16 месечното бебе се опоравува на клиниката за детски болести во Скопје, по извршената хируршка интервенција. Настанот се случи пред цели 6 дена, а од полицијата нема конкретна информација, што се случило, како дете од една година и 4 месеци кое едвам оди,се здобило со толку сериозни повреди ако се земе во предвид и фактот дека при контрола лекарите кај него констатирале и стари повреди. Хематомот на главата не бил единствен, при прегледите биле утрдени и стари хематоми. Лекарите со кои што стапивме во контакт појаснуваат дека хематомите најчесто се јавуваат како резултат на трауматска изложеност како повреда, стискање или удирање на меките ткива на главата. Од полицијата кусо, велат дека работеле на расветлување на случајот.

” На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга.  За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки СВР Охрид презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, за кој е известен и надлежниот Центар за социјална работа ” велат од МВР.

Нефицијално детето е од Дебар, а неговите родители тврделе дека не знаат што се случило и како детето се здобило со толку сериозни повреди.Инаку тоа најпрвин со Итна помош од Струга било донесено во охридската болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од каде по првично укажаната помош било испратено на детската клиника во Скопје.

И ова не е единствениот случај,пред 4 дена на улица во Велес било пронајдено 12 годишно дете со скршеници на вилицата и друго тешки телесни повреди и веднаш било пренесено исто така на Детската клиника во Скопје.При токсиколошка анализа во крва му било пронајдено дијазепам.Малолетникот ништо не кажувал, тврдел дека на ништо не се сеќава.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста