„Северна“ ќе ги чини превозниците околу 10 илјади евра, освен таблиците ќе треба да сменат 20-тина документи

Застој на работата, штета и до 10.000 евра и многу изгубено време ќе ги чини одредбите од Преспанскиот договор македонските превозни друштва. За регистарските таблици на македонските транспортери да станат „ северни“ потребно е да се извадат уште 20 документи кои чинат време и пари.   Ова го немало во спогодбата со Грција, но според последниот правилник кој стигнал до превозните трговски друштва се предвидува комплетна смена на табличките, што ги револтираше превозниците.

Тие предлагаат законски измени со кои ќе се  дозволи дупликат таблици , што ќе значи дека само ќе се заменат таблиците, а сите други документи ќе останат исти. Од МАКАМ ТРАНС испратиле официјално барање и до Влада и до Министерство за економија , но од таму се уште не добиле одговор.

Во ваква економска криза ние не можевме работа да добиеме , а камоли да вложиме средства да ги менуваме. Не е проблем дали да почитуваме или не правлник, постои решение . Поднесовме барање во Влада и до Економија во член 37 во законот да се додаде клаузула дека можат да се издаваат таблици за сите кои вршат комерцијален превоз и кога ќе се изгуби или скрши да може да се издаде таблица со истиот регистарски број со минимална ознака , вели Билјана Муратовска од МАКАМ ТРАНС

Со новата табличка треба да се извадат и нова сообраќајна дозвола за влечно или приклучно возило , зелен картон и останати документи и сертификати кои комерцијалните возила ги користат при редовен транспорт. Превозниците се револтирани , зашто ова ќе им одземе и до 10.000 евра заработка.

Превозниците ниту имаат престан ниту имаат време тоа да го направат, од една страна, но од друга страна во спогодбата што ја имавме со Грција пишува само ознаката дека треба да се смени, а не комплетно таблицата. Она што се бара сега таблицата да е целосно сменета, во транспортот ќе значи застој во вршење на превозот што може да доведе и 3-10.000 евра бруто надоместок за три до четири превоза, зависно во која релација се движат. Пострашно е дека превозниците мора да извадат најмалку 20-тина документи за да можат овие регистарски таблици да ги применат, вели Муратовска.

Инаку, според одбредбите од Преспанскиот договор, од февруари 2024 , Република Македонија заминува во историјата. Не само табличките туку сите документи на граѓаните стануваат северни . Ниту пасош, ниту лична карта , или било кој друг личен документ нема да го има името Република Македонија , а граѓаните ни криви ни должни ќе го платат тоа од свој џеб .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста