Злосторство и велепредавство – експерти ја критикуваат власта за планот да учествува во централата Александропулис

Да се инвестираат 140 милиони евра во гасна централа и терминал во Грција, во услови кога во Македонија 50 илјади луѓе останаа без работа, а фирмите едвај опсојуваат е злочин и велепредавство на земјата. Ваков е ставот на дел од аналитичарите за енергетика. Константин Димитров прашува зарем е Македонија толку богата држава за да инвестира во Грција? Според него, со овој потег, се губи суверенитетот во енергетиката. Смета дека многу подобро решение би било изградба на две комбинирани централи во Штип и Тетово, на пример. На тој начин, би имале и струја и топлинска енергија. Во Тетово значително би се намалило загадувањето, а илјадници работници ќе добијат работа – од градежници, машинци до електромонтери, со што би се намалило и иселувањето на стручните кадри.

Во овие економски тешки, драматични услови , само измислуваме дека го помагаме стопанството, 100 милиони евра да се вложат сега во нашето стопанство да ги огрее сонце. Нека бидат 2 централи од по 50 мегавати, 100 . Еве може две централи една во Тетово, друга во Штип . Во Штип има дојден гасовод, а не се користи гасот. Нека го изградат ова, нека направат дистрибутивен систем за централно греење, а во Тетово ако се направи и одеднаш се намали загадувањето, Тетово пати од тоа. Сите фирми без оглед дали се албански или македонски ќе имаат придобивки, затоа што градежниците, машинските монтажери, електромонтажери ќе добијат работа. Се отвара работа, процес на инвестиции во Македонија. Нека се изградат. Две години да се градат . Па ќе вработуваме наши луѓе таму кои 20 години ќе бидат вработени. Млади студенти кои во меѓувреме завршуваат на техничките факултети., наместо да ги испраќаме во странство.Ќе ги пратиме во Грција да работат во таа централа? Ќе ги примат? Работната рака кај нас е поевтина, произведената струја ќе биде поевтина отколку таму вели за Алфа Константин Димитров – аналитичар за енергетика.

Аналитичарот Константин Димитров тврди дека цената на овој гас ќе биде двојно повисока, затоа што тој од гасна се трансформира во течна состојба, се транспортира по копнен и воден пат, па повторно се претвора од течна во гасна состојба. Тоа значи подолг пат, повеќе трошоци и повисока цена. Влезот на Македонија во проектот Александрополис, за него е само мал дел од глобалната политичка геостратешка војна.

Тој гас е многу скап. Овие платформи за течен гас се политички.  Притисок на САД да го продава својот гас во течна состојба и да направат притисок кон Русија, политичко оружје. Купувајте од мојов гас кој е два пати поскап , ама ние сме партнери. Немојте да купувате евтин гас од Русија, тие ни се непријатели. Е Германија не го слуша тоа. Го прави цевководот Северен Тек и прават невидено многу пречки – вели Константин Димитров – аналитичар за енергетика.

При потпишувањето на меморандумот пред два дена, премиерот Заев потенцираше дека не само што со оваа инвестиција се обезбедува дополнителен извор на снабдување со гас, туку и гасот од кај нас ќе се дистрибуирал пошироко во регионот. Димитров тврди дека нема шанси Македонија да биде центар за гас на Балканот. Сите околни држави си имаат свои приклучоци, само земјава била слепо црево на гасоводот.

Се побројни се и прашањата околу исплатливоста на влезот во проектот Александрополис, особено затоа што претходната влада потпиша меморандум за директно да се купува гас во изворот на Касписко Море по пазарни цени. За Македонија да се приклучи кон ТАП, неопходно е да се изгради и интерконекторот кон Грција. Додека Бугарија забрзано си го гради својот дел, ние не сме ниту на стартот.

Негативни реакции околу одлуката да се влезе во овој проект дојдоа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Овој потег го нарекоа уништување на македонската енергетика. Сметаат дека вложувањето во туѓи енергетски проекти било направено без конкретна анализа за колку време ќе се вратат вложените пари и колкава ќе биде цената на гасот и електричната енергија.

Тања Попова

Целиот разговор со аналитичарот за енергетика Костандин Димитров во продолжение:

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста