Спасовски:Вие кажете ми кои се криминалци од лицата на фотографијата со мене

По осум дена од акцијата „Планина“ проговори министерот Спасовски за фотографиите со наркобосовите. Не кажа зошто седнал на иста маса со нив, ама ја повика јавноста да покаже кој од лицата на сликата се криминалци.

Таа акција би рекол таа истрага целосно ја водеше Обвинителството тоа го кажа и обвинителката Рускоска. – Ама насоките беа дека во МВР е пробиена акцијата. – Не, јас.. – Сигурно ви е непријатно ве нарекуваат наместо министер за внатрешни работи министер за бегство со Грчец. Ви извадија слики сте се сликале со луѓето на Инфтар, па тука имате прашање од 15 советници толку ли нема човек кој ќе ве посоветува со кого седите? – Не, ама ова е шпекулација. Вие шпекулирате само, и тоа го спекулираат одредени медиуми други. Значи јас сакам   да покажете кој е тој што е осомничен, за кого се води истрагата и кој е криминалец. Лесно е да земете слика и да кажете да овде седат криминалци рече Спасовски.

Кртот што им помогна на осомничените во нарко мрежата да избегаат, не го откри пак. Ама бегството објасни дека било пропуст на институциите – како што вообичаено било да се појават во постапките.

Јавноста сеуште е без одговор колку и кои полициски функционери од МВР седнале во Обвинителството на разговор за  протекувањето на информации за акцијата „Планина“ за што прва проговори обвинителката Рускоска.

Премиерот Заев го повика Обвинителството да открие на кој се сомнева.

Тој што соопштил дека некој издал информации треба да го прашате директно кој е тој односно на кој се сомнева ако не друго. Тоа беше од Обвинителството ако не се лажам. И треба да го каже, денеска е слобода транспарентно се се знае. И треба макар некој ако се сомнева сомневањето да го сподели вели Заев.

Алфа со денови бара одговори од институциите но не ги добива. Досега никој не поднесе одговорност и дека едно од лицата уапсени во акцијата „Планина“ бил попишувач на територија на општина Сарај.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста