Златко Марин затворен за Алфа, не објасни зошто родителите мора да плаќаат иако децата три месеци не одеа во градинка ?

За едни мајка,за други маќеа. Едни скопски градоначалници донеле одлука родителите да не плаќаат градинка за месеците кога децата не одеа, други пак ги приморуваат родителите да ги платат трошоците како најмалите да оделе редовно. Ова предизвика бура од реакции кај родителите. Најреволтирани се Аеродромци.

Зошто вака одлучи градоначалникот Златко Марин, одговор не добивме. Отидовме директно и во општината.

“Цели два дена, првиот човек на општина Аеродром Златко Марин не одговара на смс пораките и повиците од Алфа.Дојдовме на неговото работно место но тука, вработените ни кажаа дека тој денес не дошол воопшто на работа”.

И првиот човек на Кисела Вода по истиот терк како колегата од Аеродром. Темелковски вели само го почитувал правилникот на Министерството за труд и социјала.

“Кога родителите го потпишуваат договорот, на база на тој договор ги има сите правила за начинот и методот на плаќање.Во самиот договор родителите си стои колку и како се плаќа а таму е дефинирано и ова плаќање од околу 500 денари” – изјави Филип Темелковски, градоначалник на Општина Кисела Вода.

И во детските установи во Карпош се наплатуваат режиски трошоци иако не само што децата не престојуваат во нив, туку тие се целосно затворени.По истата одлука се водат и во Центар и Чаир. Единствено, од скопските општини Ѓорче Петров и Гази Баба ги ослободија родителите од трошоци оти градинките беа затворени последните три месеци.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста